Семјуел Бекет – Повеќе бодила од ритање

 

П

овеќе бодила од ритањe (1934) е циклус од 10 раскази кои, според првичната замисла, формираат наративна целина во која е исцртан животот на првиот Бекетов антијунак. Од раните студентски денови во Даблин, па сè до неговата смрт, прикажани се животните патешествија, средби и вљубувања на Белаква Шуа. Делово, второ во фикционалниот опус на Бекет, по многу црти ги најавува подоцнежните плодови на неговото творештво. По својата интонација тоа е трагикомично, во јазикот е исклучително богато, а стилот служи како совршен пример за книжевната интертекстуалност и интермедијалност.

 

Автор: Семјуел Бекет (1906–1989)

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 274

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата