Чеслав Милош – Заробениот ум

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници 348 формат: 190 x 120 цена: 600 ден. тврд повез

„Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури во 1989 г. Делото, во кафкијанско-орвеловски стил, преку параболи и алегории, го анализира процесот на развивањето интелектуална зависност кај источноевропската интелигенција во однос на политичките и економските принципи на сталинистичката доктрина. Карл Јасперс го опишал „Заробениот ум“ како фантастична студија за „разбивањето на човекот на две личности“ под влијание на огромниот идеолошки притисок. „Мојата книга, во одредена смисла, беше обид за борба против својот сопствен фатализам и песимизам.“ – Чеслав Милош

Заробениот ум.pdf

Нарачај