Вилијам Б. Јејтс – Црвениот Ханрахан и други приказни

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 183 формат:180×110 цена: 250

Збирката „Црвениот Ханрахан и други приказни“ е рефлексија на длабокиот, долготраен интерес на Јејтс за зачувување и величење на ирската историја и култура, неговата посветеност кон зачувувањето на спомените за келтските митолошки ликови и суштества, а особено неговата фасцинација со поетот, бардот, чија мудрост и значајност во секојдневниот живот на луѓето го издигнуваат од обичните смртници и го возвишуваат кон божествата. Сите приказни го содржат препознатливиот печат на Јејтс и неговата лична интерпретација на келтската митологија и окултните легенди, чие богатство со настани, ликови и значења е мошне импресивно. Овие шармантни фантазии, обвиени во мистичен тон и преплетени со стихови, ќе бидат особено привлечни за обожавателите на богатата келтско-ирска култура.

Црвениот Ханрахан и други приказани.pdf

Нарачај