Ѓорѓи Крстевски – Другата страна

Ѓорѓи Крстевски – Другата страна

„Д

ругата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е индивидуално дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Централната точка, ѕвездата околу која гравитираат сите овие мали светови и векторот на нивното поврзување е светогледот на Ѓорѓи Крстевски. Во богатиот спектар на раскази може да препознаеме хармсовски бурлескни сцени и ликови, борхесовски сложени лавиринтни пејзажи, одеци од најмрачните шуми од бајките на браќата Грим, како и грст ликови изгубени во кафкијански свет на метаморфози, бирократски шалтери и бесчувствителен свет.

Автор: Ѓорѓи Крстевски

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 114

Едиција: Наше маало | Формат: 185×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата