Радек Мали – Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 64 формат:190×160 цена: 300

Ретко кој ја сака есента. Во градовите жолта магла, смог и кисел дожд, во шумите суров студ, а на голите полиња – влажна земја. Токму во такво сурово невреме во шипкова грмушка се среќаваат двајца мали кревки бездомници… Приказната за Франтишек од костенот и Анежка од сончогледите е расказ за средба и за долго патување, кое на крајот е поважно од тоа до каде, всушност, треба да стигнеме. Патот станува поважен од целта. Со прекрасен јазик талентираниот поет Радек Мали (добитник на Магнезија литера за поезија во 2006 година) ги составува сликите на својата есен, која на крајот нè намамува, па можеби затоа одиме да собираме паднати костени во главната алеја во паркот… Галина Миклинова е илустратор, режисер и цртач на многубројни анимирани филмови, наградувани дома и во странство. Прочуена е по своите весели цртежи, во кои очекуваната одмерена разиграност се претвора во незадржлива желба за правење палавости, кои од љубов ќе им ги простите на двајцата јунаци.

Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите.pdf

Нарачај