Једрт Лапух Малезич – Воени бои

Превод од словенечки јазик: Иванка Баскар Апостолова страници: 163 формат:195×125 цена:250

Во збирката кратки раскази „Воени бои“ се среќаваме со неколку непредвидливи стории на авторката Једрт Лапух Малезич, кои на различен начин зборуваат за секојдневниот живот, за емоциите и за доживувањата на припадниците на ЛГБТ заедницата во Словенија, и на оние латентни и/или интимно реализирани хомосексуалци кои немаат потреба да се дел од активистичко здружување за да ги почувствуваат и да ги живеат правата на човекот, без разлика на нивните сексуални и родови определби. Расказите се извонредна сеопфатна нарација и пејзаж на еден свет обоен со свои бои, симболи, имиџ, стил, знаци и постапки, сигнали и пренос на пораки што произлегуваат од сите страни (на и вон) ЛГБТ заедницата.

Воени бои.pdf

Нарачај