Мадлен Тиен – Не вели дека немаме ништо

Превод од англиски јазик: Иван Шопов страници: 556 формат:195×125 цена:500

„Не вели дека немаме ништо“ е роман во кој е прикажан животот на две генерации од едно пошироко кинеско семејство – генерацијата на оние кои живееле за време на Културната револуција на Мао Ѕетунг и онаа на нивните деца, кои станале студенти што протестираат на плоштадот Тиенанмен. Во средиштето на приказната се две млади жени, Мери и Аи-минг. Преку нивниот меѓусебен однос, Мери успева да ги спои делчињата од приказната за нејзиното распрснато семејство во денешен Ванкувер, барајќи одговори во кревките нишки на нивната колектива приказна. Нејзината потрага ќе ги открие енигматичниот и талентиран пијанист Каи, срамежливиот и извонреден композитор Врабец и младата виолинистка Џули, кои ќе бидат принудени одново да ги создаваат своите уметнички и лични идентитети за време на политичките превирања и кампањи во Кина. Нивните судбини ќе одекнуваат и ќе оставаат белег и во годините што следат. Зрело и префинето, со чувство за убавина и хумор, Мадлен Тиен напишала роман кој истовремено е интимен и изразито политички, вкоренет во деталите на животот во Кина, но и трансцендентен во својата универзалност.

Не вели дека немаме ништо.pdf

Нарачај