Златко Ѓелески – Понор

Златко Ѓелески – Понор

„П

онор е збирка раскази, во кои авторот Ѓелески продолжува, со уште порадикална потреба, да ги истражува и да ги поместува креативните потенцијали на современиот, урбан и нему лично омилен – хорор-жанр, како и предизвиците на т.н. поетика на стравот, втемелена врз сознанијата дека стравот е основната и најискрена од човековите емоции.“

Елизабета Шелева

„Оваа книга почнав да ја пишувам со цел да ја проширам картографијата на мојот литературен свет и да ја прикажам сенката што ја пушта големиот град што ги привлекува сите жители кон своето јадро, со ветувањето за подобра иднина. Понор е град во кој, доколку еден жител одлучи да живее според туѓ терк или има намера да диктира туѓ живот, неговото тело станува транспарентно и лесно за запоседнување од неговиот двојник… Градот го третирам како жив организам што се храни од несреќата на неговите жители.“

Златко Ѓелески

Автор: Златко Ѓелески

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 351

Едиција: Наше маало | Формат: 185×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата