Маргарет Атвуд – Алиас Грејс

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 558 формат:195×125 цена:600

1843 година – Грејс Маркс е осудена на соучество во бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка. Одлежувајќи ја доживотната казна, тврди дека целосно го загубила сеќавањето. Некои сметаат дека Грејс е невина, ангажираат за помош специјалист за ментални болести. Докторот ја ислушува приказната на Грејс, се повеќе приближувајќи ја до денот што таа не го памети. Какви спомени ќе успее да евоцира? Дали Грејс навистина извршила убиство?

Маргарет Атвуд создава – врз основа на вистинската приказна на една од најзагадочните и најпознати жени од XIX век – восхитувачка, потресна и вознемирувачка приказна за сексуалноста, свирепоста и таинственоста.

Алиас Грејс.pdf

Нарачај