Миљенко Јерговиќ – Бјуик Ривера

Миљенко Јерговиќ – Бјуик Ривера

Р

оманот „Бјуик Ривера“ е објавен во 2001 година и е преведена на десетина јазици. Според него, Горан Рушановиќ има снимено истоимен филм, кој беше апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал во 2008 г.

Романот на Јерговиќ не е книга за автомобилот како фетиш, за патолошката љубов на човекот кон него. Тоа е само лајтмотив за една приказна за Босна, за нејзините топли, а навидум крути луѓе, за нивните болни искуства и проклето несреќните судбини, за судирот на босанската мекост и простодушност со студениот, пресметлив и прагматичен свет на современата Америка, за проблемите во разбирањето меѓу тие две толку различни култури, за судирот на западната прагматичност и босанската импулсивност, за примитивниот страв од секоја другост…

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески

Број на страници: 193

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Миљенко Јерговиќ (1966)

Миљенко Јерговиќ е роден 1966 година во Сараево. За првата збирка поезија, „Опсерваторија Варшава“, ја добива Горановата награда и наградата Мак Диздар. На почетокот на деведесеттите започнува соработка со Неделна Далмација, а во 1993 се сели во Загреб. Веќе со првата збирка раскази, „Сараевско марлборо“ стекнува меѓународно признание, а за таа книга ја добива наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“. Напишал повеќе од триесет книги и е најпреведуваниот хрватски автор во последните неколку децении.

Препорачај ја книгата