Ева-Мари Лифнер – Lacrimosa

Ева-Мари Лифнер – Lacrimosa

L

acrimosa на Ева-Мари Лифнер е вешто напишана и фасцинантна приказна за Карл Јунас Луве Алмквист и едно диво дете што го наоѓа кога работи како учител во Финска. Алмквист се грижи за детето, го воспитува во духот на Русо. Детето е девојче, но поголемиот дел од својот живот го поминува како маж. Тоа дете, околу кое се одвива дејството во романот, низ него се појавува како Рос, Роса и господинот Рос. Ликот поизлегува од еден од најинтересните ликови во шведската литература, Тинтомара. Рос е раскажувачот и го следиме нејзиниот живот во еден преплет на разни временски периоди. Низ поетичната драма следиме и една вткаена нерешена криминалистичка загатка, но романот пред сè е согледување на разните условувања на родот.

Превод од шведски јазик: Родна Русковска

Број на страници: 270

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Ева-Мари Лифнер (1957)

Ева-Мари Лифнер е родена 1957 година во Гетеборг и дебитирала во 2001 година со романот „Камера“ награден и со наградата Полони – Polonipriset, во чест на писателката Полони, за женски шведски писателки на детективски романи во подем и наградата „Рачен клин“ – Flintyxan, сега укината, за најдобар историски криминалистички роман. Нејзиниот втор роман „Imago“ бил номиниран за наградата Аугуст – Augustpriset, за 2003 година. „Lacrimosa“ била номинирана за наградата Аугуст за 2011 година и тоа сосем оправдано.

Препорачај ја книгата