Валтер Бенјамин – Еднонасочна улица / Детството во Берлин

Валтер Бенјамин – Еднонасочна улица / Детството во Берлин

„В

алтер Бенјамин е своевиден архетип за европскиот интелектуалец од првата половина на XX век. Иако неговото дело се потпира на непретенциозност, фрагментарност и жанровска хибридност, за Бенјамин слободно може да се каже дека е еден од авторите што имаат оставено длабока и неизбежна трага во современата филозофија и литературата.“ Ди Цајт „Двете експериментални дела на Бенјамин претставуваат сериозен предизвик за секој читател: иако кратки, опфаќаат широк ранг жанрови – од афоризми до политичка сатира, од носталгичен мемоар до автобиографска метафикција, од филозофска рефлексија до мајсторски напишан краток расказ.“ Тајмс „Вештината на Бенјамин како писател е особено забележлива во Еднонасочна улица и Детството во Берлин, каде што авторот ја користи својата стандардна изразна форма – филозофскиот есеј – но значително ја скратува и ја зачинува со лиричност, автобиографија, хумор, мемоарска проза, создавајќи еден прекрасен меланж каков што во книжевноста се среќава исклучително ретко.“ Сузан Сонтаг во предговорот кон англиското издание на Еднонасочна улица

Автор: Валтер Бенјамин (1892–1940)

Превод од германски јазик: Катерина Јосифоска

Број на страници: 293

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата