Гај Вандерхаге – Тате Ленин и други приказни

Гај Вандерхаге – Тате Ленин и други приказни

П

риказните во оваа збирка се одвиваат во светот кој Вандерхаге многу добро го познава – фармите и изолираните гратчиња во прериите, каде што суровоста  на природата оставила силно влијание врз личноста на човекот. Мајсторски исткаени со нишки на лесен хумор, но, сепак, мрачно обоени, овие раскази пленат со својата едноставна длабочина. Машките ликови од различни возрасти и со разновидни животни искуства, кои се центар на вниманието на авторот на оваа збирка, допираат до обичниот човек со својата искреност и природност.

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 255

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Гај Вандерхаге (1951)

Гај Вандерхаге е канадски писател. Роден е 1951 год. во Естерхејзи, Саскачеван. Дипломирал на универзитетот во Саскачеван. Познат е по трилогијата вестерн романи „Момчето на Англичанецот“, „Последниот премин“ и „Добриот човек“, чие дејство се одвива во Америка и Канада во 19-от век. Вандерхаге е трикратен добитник на наградата Governor General’s Award, најзначајната канадска награда за литература. Третата од нив ја добил токму за „Тате Ленин и други приказни“ во 2015 година.

Препорачај ја книгата