Јоханес Анјуру – Ќе се удават во солзите на своите мајки

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 276 формат: 195×125 цена: 350

„Ќе се удават во солзите на своите мајки“ е книга за надежта и за безнадежноста. Дејството е сместено во сегашноста и почнува со хаотичен, страшен терористички напад за време на промоцијата на делото на контроверзен цртач на стрипови во книжарница во Гетеборг. Девојката, која е еден од напаѓачите, чувствува дека умот сака да ѝ каже нешто – дека не треба да е таму каде што се наоѓа, дека не треба да го прави тоа што го прави – и во последен момент прави очаен избор, става крај на сè. Потоа приказната се поместува за две години од тој настан и централен лик е писател, кој, по иницијатива на девојката, ја посетува во психијатриската институција во која таа се наоѓа. Му дава страници испишани со нејзиното видување за тоа што ѝ се случувало и вели дека е од паралелна иднина. Писателот почнува да го истражува настанот и тука, фокусот на романот се префрлува на прикажувањето на можната иднина што го чека западноевропскиот свет, доколку не се справи правилно со исламофобичните тенденции во неговите рамки.

„Ќе се удават во солзите на своите мајки“… е текст којшто е длабоко поврзан со времето во кое е создаван, со духот на нашето време. Се работи за многу актуелен роман кој претставува неколку страшни тенденции карактеристични за денешницата: пред сè тенденцијата стравот и омразата да доаѓаат во пакет во нашето време и да раѓаат и потхрануваат тероризам и фашизам. Матијас Хагберг, Göteborgs-Posten

Ќе се удават во солзите на своите мајки.pdf

Нарачај

Алек Попов – Црната кутија

Превод од бугарски јазик: Душко Крстевски страници: 315 формат: 195×125 цена: 350

Мала црна пластична кутија со пепел е сè што Нед и Анго, двајца браќа од Бугарија, добиваат од смртта на татко им, професор Банов, генијален математичар што умрел во мистични околности како професор во Америка. Петнаесет години по смртта на таткото, патиштата на Недко и Ангел Банови, кои живеат сосема различни животи, се пресекуваат токму преку океанот, во Њујорк – едниот како претставник на Бугарите што „успеале во животот“, а другиот – на генерацијата транзициски губитници. Врз заднината на различните табиети и перспективи, на заедничкото лично минато и на урнебесните заплети на околностите во њујоршките авении, паркови, клубови и канцеларии, Нед и Анго влегуваат во серија фантастични авантури. Играјќи на границата на цела низа стереотипи поврзани со „современите теми“ (миграција, исток-запад, права на животните, светски заговори, корпоративни игри, судир на цивилизации, американизација, балканска сатира итн.), Попов плете динамична приказна, полна со тривијални сцени и фантастични настани, успешни залетувања и иронични пресврти, најбанални карактери и најчудни каприци. И никогаш не станува здодевно. На секоја страница, нешто ново и неочекувано провоцира и си поигрува со претпоставките.

Црната кутија.pdf

Нарачај

Ирена Вркљан – Свила, ножици

Превод од хрватски јазик: Иван Шопов страници: 121 формат: 195×125 цена: 200

Романот „Свила, ножици“ е автобиографски роман во кој авторката раскажува за своето детство во Белград, за преселбата на семејството во Загреб во 1941 година по избувнувањето на војната, за растењето, школувањето и созревањето во тој град, за пропаднатиот брак и за животната рутина што ја прекинува со заминувањето во Западен Берлин. Од специфична женска позиција, авторката го преиспитува својот однос спрема мајка си и татко си, односно спрема женскиот и машкиот свет, и потребата, како жена воспитана во традиционални патријархални рамки, да се избори за своето место што нема да биде само повторување на научените и наследени обрасци. Во ова автентично „женско писмо“ се преплетени автобиографското раскажување, лиричното евоцирање на минатото, како и нагласено рефлексивниот однос спрема настаните и малите детали на секојдневноста за кои се раскажува.

Свила, ножици.pdf

Нарачај

Миљенко Јерговиќ – Сараевско марлборо

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески страници: 140 формат:195×125 цена:300

Кога духовната срж на овие приказни, типот на постоењето од кое се опфатени неговите ликови, би требало да се определени со кратка, афористична формула, најточно би било да се рече дека таа пред читателот се појавува како одговор на прашањата што би му се случило на Швејк кога, по некоја случајност, би се затекнал во светот на „Процес“ од Кафка. Бидејќи, војната во која се сместени не се појавува во нивниот живот како целен процес, како нешто што, колку и да е страшно, има релативно разбирлив почеток и барем ронка предвидливост, туку како нешто сепроникливо но неспознајно, како анонимна сила на прелевањето на светот… Ликовите на Јерговиќ се чувари на душата на малите нешта, на нешто, што било, во себе или околу себе што притаено ќе опстане во меѓупросторот на животот и смртта… Иво Жаниќ, Вјесник Читајте ја оваа книга: во Сараево умираа многу луѓе, а таму се раѓаше и XX век. Овие раскази зборуваат за она што ќе се случи кога ќе заборавиме на својата есенцијална трошност; Јерговиќ покажува дека она што нѐ обединува не може да се негира, а она што нѐ раздвојува лесно може да стане кобно. Овој класик на антивоената проза е предупредување за огромната човечка цена што ја плаќаме кога ги мразиме другите. Ричард Фланаган

Сараевско марлборо.pdf

Нарачај

Карл-Јохан Валгрен – Приказна за една гротескна љубов

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 332 формат:195×125 цена:350

Јунакот на романот, Херкул Барфус, е глувонемо џуџе што поседува необична дарба за читање на туѓите мисли и за влијаење врз нив, како и за предвидување на иднината. Доаѓа на свет во јавна куќа, а мајка му умира за време на породувањето. Истиот ден, во соседната соба, се раѓа ќерката на друга проститутка – Хенриет. Децата воспоставуваат необичен контакт… Романот „Приказна за една гротескна љубов“ искажува сродство со литературата на јужноамериканскиот магичен реализам, со своите претходници Габриел Гарсија Маркес и Изабела Аљенде. Во овој барокен роман, чија акција е сместена во почетокот на XIX век, значењата се менуваат прикажувајќи го двојното дно, блескавите парадокси пронаоѓаат исто така блескави решенија, лутајќи по мрачните лавиринти на писателот.

Приказна за една гротескна љубов.pdf

Нарачај

Једрт Лапух Малезич – Воени бои

Превод од словенечки јазик: Иванка Баскар Апостолова страници: 163 формат:195×125 цена:250

Во збирката кратки раскази „Воени бои“ се среќаваме со неколку непредвидливи стории на авторката Једрт Лапух Малезич, кои на различен начин зборуваат за секојдневниот живот, за емоциите и за доживувањата на припадниците на ЛГБТ заедницата во Словенија, и на оние латентни и/или интимно реализирани хомосексуалци кои немаат потреба да се дел од активистичко здружување за да ги почувствуваат и да ги живеат правата на човекот, без разлика на нивните сексуални и родови определби. Расказите се извонредна сеопфатна нарација и пејзаж на еден свет обоен со свои бои, симболи, имиџ, стил, знаци и постапки, сигнали и пренос на пораки што произлегуваат од сите страни (на и вон) ЛГБТ заедницата.

Воени бои.pdf

Нарачај

Мадлен Тиен – Не вели дека немаме ништо

Превод од англиски јазик: Иван Шопов страници: 556 формат:195×125 цена:500

„Не вели дека немаме ништо“ е роман во кој е прикажан животот на две генерации од едно пошироко кинеско семејство – генерацијата на оние кои живееле за време на Културната револуција на Мао Ѕетунг и онаа на нивните деца, кои станале студенти што протестираат на плоштадот Тиенанмен. Во средиштето на приказната се две млади жени, Мери и Аи-минг. Преку нивниот меѓусебен однос, Мери успева да ги спои делчињата од приказната за нејзиното распрснато семејство во денешен Ванкувер, барајќи одговори во кревките нишки на нивната колектива приказна. Нејзината потрага ќе ги открие енигматичниот и талентиран пијанист Каи, срамежливиот и извонреден композитор Врабец и младата виолинистка Џули, кои ќе бидат принудени одново да ги создаваат своите уметнички и лични идентитети за време на политичките превирања и кампањи во Кина. Нивните судбини ќе одекнуваат и ќе оставаат белег и во годините што следат. Зрело и префинето, со чувство за убавина и хумор, Мадлен Тиен напишала роман кој истовремено е интимен и изразито политички, вкоренет во деталите на животот во Кина, но и трансцендентен во својата универзалност.

Не вели дека немаме ништо.pdf

Нарачај

Марлен Хаусхофер – Мансарда

Превод од германски јазик: Катерина Јосифоска страници: 205 формат:195×125 цена:250

„Се омажив за граѓански маж, му водам граѓанско домаќинство и морам да се однесувам следствено на тоа. Вечерта во мансардата е доволна за моите неграѓански отстапувања.“

Мансардата од нејзината куќа е единственото место што ѝ припаѓа само нејзе. Таму се повлекува сопругата на адвокат и мајка на две речиси возрасни деца за да слика и да побегне од своето делумно банално секојдневие. И таму се соочува со своето минато кога еден ден ќе почнат да ѝ пристигнуваат писма во кои нема ништо, освен листовите на дневникот што пред многу години го напишала самата, во едно време на кое не сака да се сеќава…

Мансарда.pdf

Нарачај

Маргарет Атвуд – Алиас Грејс

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 558 формат:195×125 цена:600

1843 година – Грејс Маркс е осудена на соучество во бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка. Одлежувајќи ја доживотната казна, тврди дека целосно го загубила сеќавањето. Некои сметаат дека Грејс е невина, ангажираат за помош специјалист за ментални болести. Докторот ја ислушува приказната на Грејс, се повеќе приближувајќи ја до денот што таа не го памети. Какви спомени ќе успее да евоцира? Дали Грејс навистина извршила убиство?

Маргарет Атвуд создава – врз основа на вистинската приказна на една од најзагадочните и најпознати жени од XIX век – восхитувачка, потресна и вознемирувачка приказна за сексуалноста, свирепоста и таинственоста.

Алиас Грејс.pdf

Нарачај

Пер Улоф Енквист – Втор живот

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 481 формат:195×125 цена:500

Како и Стриндберг во „Синот на слугинката“, во „Втор живот“ Пер Улоф Енквист пишува за себе во трето лице, како за „него“, синот без татко на учителката од Хјугболе. Тој, чиј детски свет не се протегал подалеку од Бурео, подоцна ќе патува и голем дел од својот живот ќе живее во странство, во Берлин, Њујорк, Париз, Копенхаген… Со драмата „Ноќ на лезбијките“ стигнува на Бродвеј. Среде тој меѓународен успех како писател, минува низ лична криза.

Втор живот“ е драматична приказна за тоа.

„Ова дело не е опуштена, анегдотска прошетка низ неговото минато, на патот до славата и богатството. Две третини се посветени на неговото развивање како писател, додека последната третина го опишува долгиот, мачен пад на Енквист и потоа неговото враќање на креативноста и енергијата карактеристични за него. Приказната почнува, како секој автобиографски текст, со детството на авторот, но на читателите на Енквист им ја нуди препознатливата повеќестрана, метатекстуална перспектива.

Втор живот.pdf

Нарачај