Светлана Алексиевич – Цинковите момчиња

Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски страници: 299 формат: 200×130 цена: 350

„На кој јазик зборуваме со самите себеси, со другите? Ми се допаѓа јазикот на живиот говор, со ништо не е обре­менет, пуштен е на слобода. Во него сè е разиграно и весело – синтаксата, интонацијата, акцентите – па чувството може точно да се реконструира. Јас го следам чувството, а не на­станот. Како се развивале нашите чувства, а не настаните. Можеби она што го правам прилега на работата на истори­чарот, но јас сум историчар на она што исчезнува без трага. Што се случува со големите настани? Тие се преселуваат во историјата, додека малите – но главни за малиот човек – исчезнуваат без трага. Денес едно момче (поради својата кревкост и болешливост, едвај личи на војник) раскажува­ше колку е необично и истовремено занесно да се убива во група. И колку е страшно да се застрела некој.“

„Животот е незамисливо уметнички сам по себе и – колку и да звучи сурово – особено уметничко е човековото страдање. Темната страна на уметноста.“

„Оддавајќи ѝ признание на личната храброст на војни­ците и офицерите, испратени од Брежњевото раководство на КПСС да се борат во туѓа земја, која претходно ни беше пријателска, искрено споделувајќи ја болката на мајките чии синови загинале по авганистанските планини, писа­телката, воедно, во оваа книга бескомпромисно ги разо­бличува сите обиди да се хероизира и романтизира срам­ната авганистанска војна, ја развенчува лажната патетика и бомбастичниот патос.“

Од „Цинковите момчиња“

Цинковите момчиња.pdf

Нарачај

Ришард Капушќињски – Уште еден ден живот

Превод од полски јазик: Лидија Танушевска

страници: 137 формат: 200×130 цена: 250

Каков живот, при крајот на XX в., треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони. Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција.

Уште еден ден живот е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски.

Од поговорот Известување од кошмарот, Салман Ружди

Уште еден ден живот.pdf

Нарачај

Светлана Алексиевич – Последните сведоци

Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски

страници: 238 формат: 200×130 цена: 350

Последните сведоци“ е, како што авторката вели во поднасловот, збирка од сто недетски раскази. Сто исповеди на детски искуства од еден настан кој се чини најдалечен на претставата за детството. Сепак, децата не биле поштедени од ужасот и болката на Втората светска војна. Од расказите на сто возрасни луѓе од Советскиот Сојуз кои тогаш имале меѓу 2 и 15 години е изграден мозаичен приказ на војната, кој отстапува од стерилниот наратив на официјалната историографија. Овде индивидуалните нијанси не се изоставени, туку сите гласови ја осветлуваат војната од свој агол. Сите раскази се интонирани различно, импрегнирани со личното минато на раскажувач(к)ите, проникнати со спомени за најтенките сетилни дразби и дребности што само децата можат да ги понесат како сеќавање од еден толку колосален настан. Стравот, засилен со неверојатната способност за чудење на децата, исплодува бесценето чисти слики на реалноста.

„Првата година во евакуација не ја забележувавме природата. Сè што доаѓаше од природата ни будеше само една желба – да го пробаме: се јаде ли? Дури една година подоцна ја забележав убавината на уралската природа. Дивите елки, високите треви, цели шуми со диви цреши. Какви се таму зајдисонцата! Почнав да цртам. Немаше бои, цртав со молив. Цртав разгледници, им ги испраќавме на нашите родители во Ленинград. Најмногу од сè сакав да цртам диви цреши…“

Од „Последните сведоци

Последните сведоци.pdf

Светлана Алексиевич – Времето secondhand

Превод од руски јазик: Максим Каранфиловски

страници: 475 формат: 200×130 цена: 500 ден

Времето secondhand“ е последната книга од петтомната епопеја „Гласови на утопијата“, во која авторката Светлана Алексиевич ги документира искуствата на стотици луѓе со различен статус и опит во советскиот и постсоветскиот свет, во вид на орална историја. Во бурната транзиција од комунистичкиот Советски сојуз и Горбачовската „перестројка“ кон Елциновата и Путиновата Русија, многу луѓе го губат својот интимен компас и се чувствуваат обездушени; многу други, пак, се исполнети со ентузијазам за новото време што надоаѓа. Она што ги обединува се спомените за едно одминато време, кон со кое сите имаат личен опит, за кое сите раскажуваат различно, кон кое и во своите души имаат непомирени чувства. Всушност, ваквиот начин на пренесување на историјата на едно време се чини безмерно поверодостоен од која било историја спокојно напишана во некоја канцеларија, архивирана во стерилните фиоки на официјалната историја.

„Советската цивилизација… Брзам да ги прикажам нејзините траги. Познати лица. Не ги распрашувам за социјализмот, туку за љубовта, љубомората, детството, староста. За музиката, танците, фризурите. За илјадници детали на исчезнатиот живот. Тоа е единствен начин да се натера катастрофата во рамките на вообичаеното и да се направи обид да се раскаже нешто. За нешто да се сетиме. Не се изморувам од чудење колку е интересен обичниот човечки живот. Бескрајно количество од човечки вистини… Историјата ја интересираат само фактите, а емоциите остануваат надвор. Не е вообичаено тие да се пуштаат во историјата. Јас го гледам светот со хуманистички очи, а не со очите на историчар. Изненадена сум од човекот…“

од „Времето secondhand

Времето secondhand.pdf

Нарачај

Ришард Капушќињски – Империјата

страници: 349 формат: 200×130 цена: 400 ден.

„Империјата“, култното дело од Ришард Капушќињски – легендата на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Репортажа за мрачната страна на Русија и поранешниот СССР. Книгата којашто едноставно никого не остава рамнодушен!

„По улиците на Магадан се оди по високи ходници ископани во снегот. Тесно е, при разминување треба да се подзастане и да се пропушти другиот човек. Понекогаш ми се случува така да застанам очи в очи со некој постар човек. Секогаш, секогаш во главата ми се наметнува прашањето: А вие што сте биле? Џелат или жртва? […]

И зошто тоа ме интригира и трогнува? Зошто не умеам да го погледнам тој човек обично, без таа неподнослива и наметлива љубопитност? Сепак, кога би собрал храброст да му го поставам тоа прашање, а тој би изреагирал искрено, би можел да добијам ваков одговор: Па, видете, пред себе имате и џелат, и жртва.

И во тоа беше одликата на сталинизмот – дека во многу случаи нема начин да се одвојат тие две улоги. Нај­првин некој тепал како иследник, потоа лежел во затвор и бил тепан, по извршувањето на казната излегувал и се одмаздувал, итн. Тоа бил свет на затворен круг, од кој имало само еден излез – смртта. Тоа била кошмарна игра, во која сите загубиле.“

Ришард Капушќињски

Империјата.pdf

Нарачај