Марта Гузовска – Жртвата Поликсена

страници: 442 формат:195×125 цена:500 ден.

Група археолози доаѓаат до несекојдневно откритие: на наводни ахајски гробишта лежи женски скелет посипан со златни ливчиња, кој доктор Пола Мор, амбициозен археолог, го идентификува како посмртните останки на митската Поликсена, робинката на Ахил. Сепак, радоста поради феноменалното откритие не трае долго. Набргу антропологот Марио Ибл, соработникот на Пола, циник и пијаница – наидува на друго тело… на колешката од археолошката екипа. На целата ситуација грозоморност ѝ додава фактот дека жената има пресечено грло, а нејзиното тело грижливо било поставено на архаичен олтар. Научниците се во недоумица: дали е можно некој да принел човечка жртва, имитирајќи стар ритуал? Како што набргу ќе се покаже, тоа нема да биде последното таинствено тело пронајдено во Троја…

Жртвата Поликсена.pdf

Нарачај

Александра Маринина – Игра на туѓ терен

страници: 295 формат:195×125 цена:200 ден.

Руски град-фантом, место каде владее законот, спокојот и благосостојбата и има само една мафија. Едуард Денисов, харизматичниот „кум“, со години во градот владее со железна рака. Судбината одлучува токму во еден од тамошните санаториуми да дојде на одмор мајор Анастасија Каменскаја. Таа уште не знае дека во истата таа установа дејствува одлично организирана банда злосторници, кои снимаат гнасни и крвави филмови. Иако лукавите „филмаџии“ не оставаат ни најмала трага, луѓето на Денисов, разбеснети поради дрскоста на непоканетите гости, ги следат во чекор. Сите траги водат до санаториумот каде е сместена Каменскаја, а самата таа паѓа во центарот на убиствените игри.

Игра на туѓ терен е еден од најуспешните романи на Маринина и совршена, сугестивна слика на руските општествени односи. Игра, исто така, е и одлично конструиран криминалистички роман, во кој брзата, изненадувачка фабула ниту на миг не губи темпо во густежот од многубројни мотиви.

Игра на туѓ терен.pdf

Нарачај

 

Јорн Л. Хорст – Ловечки кучиња

страници: 303 формат:195×125 цена:420 ден.

Романот награден со три престижни награди за првпат на македонски јазик. Награда „Ривертон 2012“, „Златен клуч 2013“ и наградата „Мартин Бек 2014“.

Вилијам Вистинг е суспендиран од службата поради сомнение за фалсификување на докази во прочуениот случај на убиството на Сесилија Линде. Сега, 17 години подоцна, излегува на виделина дека доказите врз основа на кои бил осуден виновникот биле фалсификувани. Медиумите креваат огромна прашина.

За време на сите години работа во полицијата Вистинг бил тој што ги гонел злосторниците. Сега самиот е мамка и мора, колку што може најбргу, да дознае, тајно и на своја рака, кој од неговите соработници ги фалсификувал доказните материјали и што навистина се случило пред 17 години. Како и секогаш, може да смета на ќерка си, Лине, која е новинарка, но помошта доаѓа исто така и од сосема неочекувана страна. Одеднаш исчезнува друга девојка. Започнува драматична трка со времето…

Ловечки кучиња.pdf

Нарачај

Маја Новак – Карфанаум или As Killed

страници: 233 формат:195×125 цена:250 ден.

Насловот Карфанаум или As Killed сугерира дека си имаме работа со добро скроен криминалистички роман во кој дејството и мотивите на главните ликови остануваат нерасветлени до последната реченица на романот. И навистина, романот на Маја Новак ги исполнува заложбите најавени во насловот. Но тоа не е сѐ, Карфанаум… е значително повеќе од возбудлив крими-роман; ова е приказна што ги поврзува сите југословенски народи во периодот на 90-ти години на XX век – приказна за југословенските градежници и нивните судбини на Блискиот Исток.

„Ако сакаш да запознаеш каква е пустината на човечкото срце, тогаш мора да дојдеш во Карфанаум“.

Карфанаум или As Killed.pdf

Нарачај

Ирса Сикуртартоутир – Студ

страници: 371 формат:195×125 цена:450 ден

Оутин започнува нов живот со својата единаесетгодишна ќерка Рун, по смртта на неговата бивша сопруга, која погинала паѓајќи низ прозорец. Еден ден Оутин на работа добива нова задача: треба да открие што се случувало пред многу години во интернатот Кроукур, што се наоѓа во пустелија и врши функција на поправен дом за малолетни момчиња. Меѓу другото, го испитува случајот на смрт на две момчиња од интернатот – момчињата во таинствени околности се задушиле во автомобил од издувните гасови.

Колку повеќе се задлабочува во тој случај, толку повеќе му се чини дека го напаѓаат сеништата од минатото. Дали прераната смрт на неговата бивша сопруга има некаква врска со тоа? Оутин очајно го бара одговорот на тоа прашање и чувствува дека морничавата атмосфера се засилува…

Студ.pdf

Нарачај

Арне Дал – Зла крв

страници: 399 формат:195×125 цена:500 ден

Шведски литературен критичар е убиен на ѕверски начин на аеродромот Њуарк во Њујорк. Пред смртта бил брутално измачуван. Методата на тортура потсетува на тортурите применувани од Супер командосите за време на војната во Виетнам. Тоа е само почеток на неверојатната низа настани што ќе го доведе Пол Јелм и неговите колеги од Единицата А до најмрачните делови на човечката душа.

Убиства, интриги, меѓународни политички заговори, романот Зла крв вистински водич по мрачните игра на современиот свет.

Зла крв.pdf

Нарачај

Зигмунт Милошевски – Трошка вистина

страници: 415 формат:195×125 цена:450 ден

Сандомјеж, 2009 година. На брутален начин е убиена почитувана сандомјежанка, грлото ѝ е длабоко пресечено со остар предмет. Нејзините посмртни останки имаат чудна, нетипична алабастерска боја. Теодор Шацки доаѓа од престолнината Варшава во малиот живописен Сандомјеж и ја води истрагата за грозоморното убиство. Истрагата наидува на многубројни препреки и ѕид од молк, а едновремено неа ја придружува медиумска треска. Фактите наведуваат на мрачните полско-еврејските односи, како и на древно еврејско ритуално убиство, оживуваат легендите за киднапирањето деца од страна на Евреите и нивно карактеристично убивање, кои сеат страв меѓу луѓето. Високо ценетата сандомјежанка не е единствената жртва…

Трошка вистина.pdf

Нарачај

Ирса Сикуртартоутир – Те паметам

страници: 379 формат:195×125 цена:450 ден

Те паметам е роман во две паралелни приказни раскажувани наизменично. Колку што втората има карактер на криминалистичка приказна, толку првата од почетокот навестува дека е хорор. Двете приказни во одреден момент се поврзуваат, откривајќи ја заплетканата поврзаност на меѓучовечките односи.

На почетокот на романот читателот се запознава со тројца ликови кои пристигнуваат во северните предели на Исланд во напуштено село за да реновираат стара куќа. Таму ги пречекува студ, мрак и пустош, а веднаш добиваат впечаток дека нешто постојано се движи во нивна близина. Втората приказна започнува со вандалски чин, растурен е инвентарот и испишани се ѕидовите во градинка во мало исландско гратче. Психијатарот Фрејр се доселил во градот бегајќи од кошмарните спомени – пред неколку години во нејасни околности исчезнал неговиот син…

Те паметам.pdf

Нарачај

Арне Дал – Мистериозо

страници: 391 формат:195×125 цена:500 ден

Познат шведски бизнисмен е брутално убиен, по него уште еден и уште еден. Заради откривање на сторителот, полицијата создава специјална Единица А, составена од шестмина полицајци од целата држава. Медиумите го нарекле убиецот Ловец на ајкули. Трагите водат до руската мафија. Во текот на потерата по серискиот убиец се откриваат големи валкани бизниси, перверзии и насилство. Арне Дал ни прикажува мајсторски стил и неверојатна вештина во компонирањето на емотивен криминалистички роман. Сите негови книги се совршена слика на општеството и коментар за современиот живот.

Мистериозо.pdf

Нарачај

Аудни Тоураринсон – Глуво доба

страници: 364 формат:195×125 цена:400 ден

Новинарот Ејнар ја напушта старата изгазена почва на запишување на криминалниот пулс на Рејкјавик и оди на службено патување во Акурејри, каде се очекува да ја зголеми продажбата на Попладневните вести. Но, на патот до театарската проба за делото Лофтур Маѓесникот, Ејнар ненадејно известува за поинтригантни вести: мештанка паднала во река и починала во нерасчистен несреќен случај. Ова е првата (но не и последната) смрт што се појавува во злокобниот тек на настаните кои следат. Трагичната смрт на младиот талентиран актер Скарпхеутин Валкартсон е следниот од мрежата мрачни настани во исландската провинција. Колку повеќе дознава за жртвите, толку повеќе се уверува колку ужасно и мрачно било нивното минато.

Глуво доба, која е преведена на 14 јазика, а сега и првпат на македонски, беше номинирана за Исландската литературна награда во 2005 година, а претходно само еднаш се случило да биде номиниран криминалистички роман.

Глуво доба.pdf

Нарачај