Владимир Мартиновски - „Паркот те помни“

Владимир Мартиновски - „Паркот те помни“

„М

артиновски е поет кој знае да започне разговор со секого и со сѐ во вселената“. Кристофер Мерил „Мартиновски е концептуален уметник од најредок, речиси искоренет, или барем заборавен вид во нашето сурово, безмемориско секојдневие“. Оливера Ќорвезироска „Владимир Мартиновски е поет што на еден блескав начин го спојува знаењето со играта, ученоста со имагинацијата, дисциплината со слободата. Неговите песни ја слават метаморфозата на светот под влијание на љубовта. Или, подобро: тој ја слави магијата на љубовта која успева секогаш одново да го промени светот“. Влада Урошевиќ „Мартиновски важи за еден од најзначајните автори кај нас кој, низ своето творештво, на мошне успешен начин, ги поврзува вредностите на Источната и на Западната поетска традиција“. Лидија Капушевска-Дракулевска „Она што во суштина го одделува Владимир Мартиновски од една цела низа македонски поети, а особено од неговите врсници и неговата генерација, е фактот што додека ја читате неговата поезија знаете дека неа ја напишал токму тој“. Иван Џепароски

Автор: Владимир Мартиновски

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 205

Едиција: Поетите од Наше маало | Формат: 185×120

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата