Једрт Лапух Малезич – Воени бои

Једрт Лапух Малезич – Воени бои

В

о збирката кратки раскази „Воени бои“ се среќаваме со неколку непредвидливи стории на авторката Једрт Лапух Малезич, кои на различен начин зборуваат за секојдневниот живот, за емоциите и за доживувањата на припадниците на ЛГБТ заедницата во Словенија, и на оние латентни и/или интимно реализирани хомосексуалци кои немаат потреба да се дел од активистичко здружување за да ги почувствуваат и да ги живеат правата на човекот, без разлика на нивните сексуални и родови определби. Расказите се извонредна сеопфатна нарација и пејзаж на еден свет обоен со свои бои, симболи, имиџ, стил, знаци и постапки, сигнали и пренос на пораки што произлегуваат од сите страни (на и вон) ЛГБТ заедницата.

Превод од словенечки јазик: Иванка Баскар Апостолова

Број на страници: 163

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Једрт Лапух Малезич (1979)

Једрт Лапух Малезич е авторка на поезија, кратки приказни и преведувач од англиски и француски јазик. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Член е на Друштвото на словенечките книжевни преведувачи. Како авторка стои зад збирките „Тешкоменталци“ и „Воени бои“, деновиве излезе во печат и нејзиниот прв роман „Вија ваја вен“. Автор е и на голем број книжевни преводи.

Препорачај ја книгата