Ѕвездан Георгиевски - Плачеш како кит

Ѕвездан Георгиевски - Плачеш како кит

„П

лачеш како кит“ е слоевито, хибридно дело, чиј хронотоп се движи од една фиктивна лична приказна во македонската сегашност, преку навраќање во минатото низ пределите на Чиле и на Тихиот Океан со упатување на историски факти, низ бајковити предели на неодредени локации некаде во Европа, преку митолошко создавање на живиот свет, сè до една потенцијална иднина на Македонија во која превладува метафората на потонувањето. Различните делови сочинуваат една кохерентна романескна целина. Имено, сите се поврзани со лајтмотивот на китот, симбол на благородните особини на луѓето што трагаат по нешто повеќе од она што им го одредила судбината, која тешко се победува, и чудовиштето, кое симболично го претставува стравот што ги прогонува ликовите од различни причини уште од нивното детство. Преку оваа комбинација на приказни, на читателите им се дава функционален објектив низ кој ги следат сличните трансформации на оние што се соочуваат со смртта на блиските и со губењето на смислата. […] Калина Малеска

Автор: Ѕвездан Георгиевски

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 113

Едиција: Наше маало | Формат: 185×120

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата