Шчепан Твардох – Морфиум

Шчепан Твардох – Морфиум

В

аршава. Втора светска војна. „Јас сум Константи Вилеман, сакам жени, сакам да танцувам и не сакам коњи, обожавам автомобили, сакам шкотски твид и летни костуми од лесен тропикал, сакам автомобилски трки и подиумот што се врти во Адрија, сакам џез, сакам шампањ и морфиум, не сакам војска ниту униформи.“ Шчепан Твардох во „Морфиум“ постигнал редок успех во полската проза – креирал антихерој кој на читателот нема шанси да не му се допадне. Твардох, во стилот на најголемите – Виткјевич, Гомбрович, Лител – умее да го прикаже слабиот, растргнат човек вплеткан во големата историја. Откачен, хипнотички и храбар роман.

Превод од полски јазик: Илија Трајковски

Број на страници: 573

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Шчепан Твардох (1979)

Шчепан Твардох е полски писател и публицист. По професија е социолог и филозоф. Тој е голем познавач на шлезискиот јазик и култура, а исто така е експерт во областа на оружјето. Особено се интересира за проблематиката на идентификацијата со родното место, како и за националниот идентитет: полскиот, германскиот, шлезискиот.

Во своите дела со впечатлива и логична, но едновремено изненадувачка и компликувана конструкција, Твардох непрестајно балансира меѓу реалното и фантастичното, психологијата и реализмот, вистинската историја и алтернативната. Во нив е претставен компактен, сугестивен свет кој го принудува читателот да размисли за светот во кој живееме.

Автор е на повеќе дела и е лауреат на голем број награди, како престижната Paszport Polityki и наградата од публиката која е дел од литературната награда Nike за делото „Морфиум“. Добитник е на рекорден број номинации за наградите: Nike, Gdynia и Angelus. Меѓу најценетите негови дела спаѓа и „Вечниот Грунвалд“ (2010 г.).

Препорачај ја книгата