Ричард Смит - Зелениот капитализам: Богот што потфрли

Ричард Смит - Зелениот капитализам: Богот што потфрли

К

апиталистичкиот пазарен систем е инхерентно екосамоубиствен. Бесконечниот раст може да заврши само со катастрофален екоколапс. Ниту една доза подисправање не може да ја промени самоубиствената траекторија на пазарниот систем. Поради тоа, сакало или не, човештвото нема друг избор освен да се обиде да најде начин да го замени капитализмот со некој вид посткапиталистичка еколошки одржлива економија. […] Ако сакаме да се спасиме себеси и многуте други видови, тогаш мора да се откажеме од слободата на капиталистите да произведуваат и да продаваат како што сакаат, а потрошувачите да купуваат што сакаат и што можат да си дозволат – за да се стекне поголема слобода за човештвото да дише чист воздух, да има безбедна вода за пиење, да има безбедна храна за јадење, да живее долго и здраво без болести предизвикани од отровни материи, да се обнови една пошумена, чиста, безбедна планета, погодна за живеење, што ќе можеме да им ја пренесеме на нашите деца. Таквата демократска и еколошка економија, се разбира, би била целосно некомпатибилна со капитализмот. Ричард Смит, Зелениот капитализам: Богот што потфрли

Превод од англиски јазик: Здравко Савески

Број на страници: 304

Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

 

Ричард Смит

Ричард Смит докторирал на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес во 1989 година, на тема што ги обработува пазарните реформи при транзицијата на Кина кон капитализам. Имал постдокторски ангажман на Центарот „Исток-Запад“ во Хонолулу и на Рутгерсовиот универзитет во Њу Брансвик, Њу Џерси. Работел и како бродски монтер, авантуристички водич низ Африка и столар-градежник. Објавил статии за Кинеската револуција, кинескиот пат во капитализам, глобалната еколошка криза и капитализмот во реномирани списанија како „Њу Лефт Ривју“, „Екологист“, „Мантли Ривју“, „Списанието за еколошка економија“, „Капитализам, природа, социјализам“ и други. По објавувањето на оваа книга, во 2020 година ја објавил книгата „Кинескиот мотор на еколошката катастрофа“, а во моментот работи на својата книга „Триумфот и трагедијата на Кинеската револуција“.

Препорачај ја книгата