Пелевин на Твитер

Ви пренесуваме 10 статуси од Твитер профилот на Виктор Пелевин.


Не знам сè, туку само она што ќе посакам да го знам. Како што вели другар ми Шива, семоќноста е потребна, пред сè, за да се ограничи сезнајноста.
15.1.18

Смрт не е кога засекогаш ја губите свеста. Смрт е кога свеста ќе ве спознае докрај, наполно, до оној слој каде што никогаш ве немало.
14.1.18

Сѐ со што се занимаваат луѓето е толку грдо, што нема никаква разлика на чија страна си.
13.1.18

Луѓето најмногу личат на безлични реченици, во кои нема подмет, туку само прирок од различните форми на глаголот „страда“.
6.1.18

Кратко речено, љубовта е она поради што секој се наоѓа таму каде што се наоѓа. Со исклучок, можеби, на мртвите… Макар што…
17.10.17

Силата е секогаш во силата. И во ништо друго.
31.8.17

Историјата на човештвото е историја на масовни дезинформации.
16.8.17

Човекот е навикнат да го гледа ѓаволот насекаде освен во огледалото и во телевизорот.
6.6.17

Никогаш не обвинувај се себе за тоа за што можеш да го обвиниш системот.
21.7.16

Целиот свет е виц што Бог си го раскажал сам себеси.
21.7.16


Првата збирка раскази на Виктор Пелевин, „Синиот фенер“, е достапна во издание на Бегемот. Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски.

Pelevin 2