Миљенко Јерговиќ - Барабаните на ноќта

Миљенко Јерговиќ - Барабаните на ноќта

С

амо од дрвото бел јавор што расте на осојните страни на босанските планини, италијанските мајстори можеле да изработат виолини чиј звук може да се спореди со имагинарно божјо пеење. За тоа дрво, за сараевските ноќи и за петте години живот во Сараево, од 1914 до доцна есен 1919 година, во своето монументално дело „Дневници на сараевските ноќи“ пишува шумарот и следбеник на Млада Босна – Јосип Губерник. Откако го напуштил Сараево за Губерник не се знае речиси ништо, освен дека заминал во Аргентина во 1920 година и дека неговите „Дневници…“ биле една од првите книги издадени по Втората светска војна, а нејзиното второ издание исчезнало во воениот виор на деведесеттите. Во романот „Барабаните на ноќта“, насловен како и никогаш пронајдениот ракопис на романот од Тин Ујевиќ, Миљенко Јерговиќ создава приказна што одеднаш, како и фамозните „Дневници…“, станува стварна. „Барабаните на ноќта“ се и студија за времето и за еден луѓето, но, пред сѐ, за една изгубена епоха. Во „Барабаните на ноќта“, не без причина, на Сараево во величествена метафора се гледа како на барабан на чија оптегната кожа барабани целиот XX век, а Јосип Губерник, тој малечок, слабичок австроунгарски шумар и чиновник, станува единствениот можен писател бидејќи тој со други очи гледа и бележи сѐ околу себе, а неговите записи стануваат документ што го наткрилува не само него, туку и целата генерација.

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески

Број на страници: 126

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Миљенко Јерговиќ

Миљенко Јерговиќ е еден од најистакнатите босанскохерцеговски и хрватски писатели. Неговата проза и поезија се преведувани на голем број јазици. Јерговиќ е роден и израснал во Сараево, каде што завршил филозофија и социологија на Филозофскиот факултет при Сараевскиот Универзитет. Дебитирал во 1988 г. со збирката поезија „Опсерваторија Варшава“. Автор е на многу прозни, поетски и драмски дела, како и на бројни есеи. Неговата прва, најпозната и најуспешна збирка раскази за хаотичниот секојдневен живот во завојуваната Босна и Херцеговина – „Сараевско марлборо“ (1994), му обезбедува меѓународно признание. Делото е наградено со наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“и наградата „Ксавер Шандро Ѓалски“. Добитник е и на бројни други домашни и меѓународни награди.

Препорачај ја книгата