Марлен Хаусхофер – Мансарда

Марлен Хаусхофер – Мансарда

„С

е омажив за граѓански маж, му водам граѓанско домаќинство и морам да се однесувам следствено на тоа. Вечерта во мансардата е доволна за моите неграѓански отстапувања.“ Мансардата од нејзината куќа е единственото место што ѝ припаѓа само нејзе. Таму се повлекува сопругата на адвокат и мајка на две речиси возрасни деца за да слика и да побегне од своето делумно банално секојдневие. И таму се соочува со своето минато кога еден ден ќе почнат да ѝ пристигнуваат писма во кои нема ништо, освен листовите на дневникот што пред многу години го напишала самата, во едно време на кое не сака да се сеќава…

Превод од германски јазик: Катерина Јосифоска

Број на страници: 205

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Марлен Хаусхофер (1920–1970)

Марлен Хаусхофер е австриска писателка. Училиштето го завршила во интернат во Линц, а во 1939 година започнала со студии по германистика во Виена, кое војната, раѓањето на двата сина и мажачката – дефинитивно ги прекинале во 1947 год. Со својот маж, стоматолог по професија, на кого му помагала во ординацијата, живеела во малиот австриски град Штајр.

Опусот на Хаусхофер го сочинуваат пет романи, две новели, две збирки на раскази, неколку радиодрами и четири книги за деца. Најуспешното книжевно остварување на Марлен Хаусхофер, романот Ѕид, одекнало како бомба дури кога во 1983 година се појавува по вторпат, во издание на германската издавачка куќа Classen Verlag. Покрај романот Ѕид, познати се и романите Небото што никаде не завршува и Мансарда, новелата Како ја убивме Стела и поголем број раскази, пред сѐ оние од подоцнежниот период.

Добила угледни национални награди. Наградата „Артур Шницлер“ ѝ е доделена во 1963 година за романот Ѕид, а австриската Државна награда за книжевност во 1968, за збирката раскази Страшна верност.

Препорачај ја книгата