Маргарет Атвуд – Алиас Грејс

Маргарет Атвуд – Алиас Грејс

1

843 година – Грејс Маркс е осудена на соучество во бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка. Одлежувајќи ја доживотната казна, тврди дека целосно го загубила сеќавањето. Некои сметаат дека Грејс е невина, ангажираат за помош специјалист за ментални болести. Докторот ја ислушува приказната на Грејс, се повеќе приближувајќи ја до денот што таа не го памети. Какви спомени ќе успее да евоцира? Дали Грејс навистина извршила убиство? Маргарет Атвуд создава – врз основа на вистинската приказна на една од најзагадочните и најпознати жени од XIX век – восхитувачка, потресна и вознемирувачка приказна за сексуалноста, свирепоста и таинственоста.

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 558

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Маргарет Атвуд (1939)

Маргарет Атвуд е автор на повеќе од педесет книги проза, поезија и критички есеи. Во нејзините најзначајни дела спаѓаат романите Мачкино око, Невестата крадливка, Алиас Грејс, Слепиот убиец итн. Култниот роман на Атвуд од 1985 г. Приказната на робинката, се врати на листите на бестселери со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кога робинките станаа симбол на отпорот против обезвреднувањето на жените, како и со промоцијата на наградуваната телевизиска серија на Канал 4, во 2017 г.

Атвуд има добиено бројни награди, вклучувајќи ги наградата Букер, наградата Артур Ч. Кларк за имагинацијата во служба на општеството, наградата Франц Кафка, Германската мировна книжевна награда, како и наградата за животно дело на ПЕН САД. Во 2019 г, стана член на Редот на кавалерите на честа за своите достигнувања во литературата. Има работено и како илустраторка, либретистка, драмска писателка и кукларка. Живее во Торонто, Канада.

Препорачај ја книгата