Гонсало Тавареш – Кварт

Гонсало Тавареш – Кварт

„К

варт“ е книжевна населба во која живеат десетмина чудаци, десетмина истовремено наивни и луцидни господа (senhores), кои имаат свои преокупации. Овие десетмина соседи, кои со чудни мерки ги мерат улиците, тротоарите, дворовите, кафулињата, салите и куќите во утопиското маало, носат имиња на познати писатели: Пол Валери, Анри Мишо, Бертолт Брехт, Роберто Хуарос, Карл Краус, Итало Калвино, Роберт Валзер, Андре Бретон, Емануел Сведенборг и Томас Елиот. Зад секој агол во квартот чека некој нов парадокс, а за секоја зборовна формула има соодветен цртеж. Делото може да се сфати како омаж на светските поети и прозаисти чии имиња ги носат ликовите, но и како важно дело во една книжевно-ликовна традиција што содржи култни книги како „Малиот принц“ на Егзипери, како фантастичен обид некои длабоки сознанија за секојдневниот и несекојдневниот живот да се доведат во чиста и едноставна форма, составена од расказ и цртеж. Книжевните портрети на Гонсало Тавареш и илустрациите на Ракел Кајано, едноставно, создаваат совршена целина, во која има доволно огледала за секој можен читател.

Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска

Број на страници: 580

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Гонзало Тавареш (1970)

Гонзало Тавареш е еден од најистакнатите современи португалски писатели. Носител е на низа еминентни книжевни награди за португалска и за светска книжевност, како „Жозе Сарамаго“ во 2005 (за романот „Ерусалим“, кој е награден со низа европски признанија и е прогласен за книга на деценијата од страна на португалската критика) и „Камило Каштело Бранко“ во 2007 (за најдобар расказ на португалски јазик). Неговата книжевност често се пресекува со другите уметнички јазици и медиуми, а особено со светот на визуелните уметности, што е вешто остварено во неговиот капитален циклус „Кварт“, кој е преведен на десетици светски јазици. Според неговите книги се поставени голем број сценски изведби, радиодрами, краткометражни филмови и перформанси, а како важен книжевен автор е разработен и во многу академски трудови.

Препорачај ја книгата