Владимир Сорокин - Редица

Владимир Сорокин - Редица

Н

ешто доставиле – и на една од главните московски улици почнува да се создава редица. На почетокот, како и сите, заплеткана и хаотична, расте во социјална листа – и стои, стои, стои, час, два, пет; ден, потоа ноќ, потоа уште еден ден. Што се чека? Не се знае, но на стојачите во редицата не се чини дека тоа им пречи. Луѓето што стојат – посебно, а истовремено заедно, како габични клетки – приспиваат, ги караат децата, флертуваат, пијат, озборуваат, го споменуваат редот што владеел порано – накусо, зборувајќи, го откриваат целиот замор, сивилото, просташтвото и немањето перспективи, со кои се карактеризирал животот во СССР во времето на Брежњев. Испишано на повеќе од двесте страници, ова известување од московските улици веројатно е најсилното обвинение што можело да ѝ се постави на веќе изморената и ослабена империја. Редицата е мотив што современата литература му го „должи“ дури на соцреализмот. На човештвото му се случувало и претходно да застанува во редица, сепак никогаш претходно редицата не претставувала засебна форма за минување на времето. За редицата како феномен се интересирале голем број поети, сатиричари и писатели, но сепак дури на Сорокин му успеало да ја предаде целата сурова вистина.

Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски

Број на страници: 213

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Владимир Сорокин

Владимир Сорокин (1955 г. во Биково, Руска Федерација) – руски писател, еден од водечките претставници на рускиот концептуализам. Сорокин моментално се смета за еден од тројцата главни руски постмодернисти (покрај Виктор Пелевин и Виктор Ерофеев). Неговите книги, кои се полни со артистички експерименти и слободно ја интерпретираат најновата историја, му донеле репутација на скандалист, но и на „најверојатно последниот од долгата листа големи руски писатели“. Автор е на раскази, драми, филмски сценарија и романи, меѓу другите: „Редица“, „Норма“, „Триесеттата љубов на Марина“, „Срцата на четворицата“, „Азурно сало“, „Телурија“, и др. За книгата „Редица“ е номиниран на наградата „Руски Букер“.

Препорачај ја книгата