Витолд Гомбрович – Фердидурке

„Ф

ердидурке“, или – Големата маскарада, метафоричен роман на Витолд Гомбрович, прогласен за најпознатиот и најкреативниот полски роман на XX век, преведен од огромен број светски јазици.

Главниот лик на романот е 30-годишниот почетник-литерат Јузефчо, кој е неочекувано посетен од бескомпромисниот професор Пимко и е вратен назад во школо. Сегашноста одеднаш се наоѓа во минатото и станува реалност за Јузефчо. За време на престојот во школото е изложен на процесот на таканареченото „напупување“, односно на процесот на инфантилизацијата на школската младина. Следуваат голем број гротескни и сатирични перипетии, кои со својата иреалност, имагинација и зборовите-клучеви, го водат читателот низ романот до самиот крај, не оставајќи го да здивне.

Големата маскарада може да започне!

Автор: Витолд Гомбрович (1904–1969)

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: 336

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *