Витолд Гомбрович - Дневник 1959-1969

Витолд Гомбрович - Дневник 1959-1969

О

ткако прифативме дека сум се родил (што не е сигурно), се родив за да ја разобличам вашата игра. Моите книги не треба да ви кажат: биди тоа што си, туку – се преправаш дека си тоа што си. Би сакал во вас да стане плодно токму она што го сметавте за целосно јалово и дури засрамувачко. Ако толку го мразите актерството, тоа е затоа што тоа тлее во вас – ама за мене актерството станува клучот за животот и за стварноста. Ако се гадите од незрелоста, тоа е затоа што ја имате во себе – ама мене полската незрелост ми го одредува целиот мој однос кон културата. Преку мојата уста се огласува вашата младост, вашиот стремеж за забава, вашата лизгава витост и неодреденост – токму тоа го мразите, тоа го истиснувате од себе – во мене се ослободува скриениот Полјак, вашето алтер его, обратната страна на вашиот медал, досега невидливиот дел од вашата месечина. Ах, би сакал да станете актери свесни за играта! Витолд Гомбрович

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: 597

Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Витолд Гомбрович (1904–1969)

Витолд Гомбрович (1904–1969) – полски прозаист и драматург. Гомбрович се смета за еден од најголемите полски писатели во историјата на книжевноста. Специфика на неговото творештво е умешноста за длабока психолошка анализа на човекот, како заплеткана единка во психологијата на другите луѓе и во културното наследство, анализата на идентитетот на единката во интеракцијата со другите, како и своеобразното чувство за апсурдот и  иконоборството што ги засегнува традиционалните вредности прифатени од страна на општеството. Својата слава ја доживува дури при крајот на животот, кога бил и помеѓу кандидатите за Нобеловата награда за литература (1966, 1968), но сепак не ја добива. Негови најпознати дела се: „Фердидурке“ (1938), „Транс-Атлантик“ (1953), „Порнографија“ (1960), „Космос“ (1965), „Дневник 1953–1969“ (1969).

Препорачај ја книгата