Виолета Бојковска - Барем наутро

Виолета Бојковска - Барем наутро

И

магинарното, структуирано во конкретни простори и ситуации, ја обвива оваа збирка раскази на Виолета Бојковска со атмосфера слична како кај современите јапонски раскажувачи. Неочекуваното и очекуваното, надворешното и внатрешното се преплетуваат во „доживувањата“ на ликовите кои говорат во некоја определена животна рамка, но со различен јазик. Писмото на Виолета Бојковска има авторска препознатливост и засебен свет. Оваа куса, но впечатлива збирка раскази со чудна топографија (како во некои книги на Калвино) нуди читателско уживање во пишувачката умешност на авторката Бојковска, во нејзината потрага по затскриените чинови на денешното човеково однесување, кон светот, но и кон себе.

Александар Прокопиев

 

Автор: Виолета Бојковскa

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 75

Едиција: Наше маало | Формат: 185×120

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата