Виктор Пелевин – Синиот фенер

Виктор Пелевин – Синиот фенер

„С

иниот фенер“ е збирка раскази од 1992 година, која зазема посебно место во опусот на Пелевин. Таа е првото негово објавено дело со кое веднаш ја освојува наградата „Мал букер“ во Русија. Како и неговите подоцнежни романи, овие раскази се крајно инвентивни и лесно преминуваат од еден во друг жанр; полни се со апсурдна духовитост и егзистенцијална сатира. Преку досетливите наративи, како оној за гаражата која сонува да стане велосипед, Пелевин ја дисецира реаноста која ја земаме здраво за готово. Овие раскази совршено го прикажуваат во минијатура неговиот талент за создавање (книжевна) реалност од фантазијата.

Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски

Број на страници: 432

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Виктор Пелевин (1962)

Виктор Пелевин е еден од најзагадочните и најзначајните автори на постмодерна фикција на денешницата, иако самиот одбива својот книжевен профил да го идентификува со постмодернизмот. Неговото дело е, бездруго, клучна референтна точка за она што се нарекува постсоветска литература. Во неговиот опус се вбројуваат романите и збирки раскази: „Синиот фенер“, „Жолтата стрела“, „Омон Ра“, „Животот на инсектите“, „Чапаев и празнина“, „Генерација П“, „S.N.U.F.F.“, „Бетмен Аполо“, „Набљудувачот“ и др. Сите тие се повеќеслојни текстови кои обединуваат елементи од попкултурата и езотеричните филозофии, одразувајќи ги притоа и конвенциите на жанровите на научната фантастика и сатирата. Неговата поетика неретко ја поврзуваат со имињата на книжевните великани Михаил Булгаков, Николај Гогољ и Франц Кафка, но евидентна е неговата авторска оригиналност како мајстор на надреалното; тој ја разобличува реалноста до апсурдност, со цел да ја прикаже онаква каква што е.

Препорачај ја книгата