Канадскиот џин на модерниот расказ

Алис Манро е родена во Онтарио, Канада, во 1931 г., каде студирала на универзитетот Западен Онтарио. Нејзината прва збирка раскази е издадена под насловот Танцот на среќните сенки. Таа е добитничка на голем број награди и номинации, а во 2009 г. ја освојува наградата Man Booker International Prize. Истата година ја издава збирката раскази Премногу среќа. Во 2013 г. Манро ја добива најпрестижната награда, Нобелова награда во областа на литературата. Алис Манро е најпозната по својата вештина во пишувањето раскази, нејзини најпознати објавени збирки во последните неколку децении се, меѓу другите, Што се замислуваш? (1978); Месечините на Јупитер (1982); Бегалка (2004) итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *