Алек Попов - Митологија на транзицијата

Алек Попов - Митологија на транзицијата

„М

итологија на транзицијата е збирка од петнаесет раскази на Алек Попов, инспирирани од материјалната и симболичката реалност на последните години на Источниот Блок и на транзициските приказни, одживеани лично и доживеани длабоко од генерацијата на авторот. Давајќи ѝ слобода на својата сатирична фантазија, Попов прави многу оригинална реконструкција на митовите исковани во јавната свест на Бугарија од 90-те. Расказите се преплет од одлично избрани, важни претстави од тогашното секојдневие и гротескно-фантастични слики што совршено се надоврзуваат на нивната недореченост. Уметничката верзија на транзициската епоха што ја добиваме во оваа серија раскази понекогаш се разминува со историската стварност, често навлегувајќи на теренот на фантастиката, но со тоа магично излегува поверодостојна во приказот на човековата состојба и на општествениот живот одошто сивиот параван на самата стварност.

Превод од бугарски јазик: Душко Крстевски

Број на страници: 293

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

 

Алек Попов

Алек Попов е еден од најважните и најпознатите современи бугарски писатели. Автор е на романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“ (и неговата втора верзија: „Црна кутија: кучиња што ниско летаат“), „Сестрите Палавееви во бурата на историјата“, како и на неколку збирки раскази. Попов е познат како мајстор на спојот на комичното и сериозното преку вешто ситуирање на животот на балканецот во матичната средина и во западниот свет. Во овој роман, Попов воведува и елементи од личната биографија, како смртта на сопствениот татко математичар во Америка, добивањето на пепелта во црна пластична кутија и животот на братот во Њујорк, со што ја користи фикцијата за си ги преиспита своите искуства со светот, останувајќи притоа вешто еманципиран од личната приказна и раскажувајќи на многу софистициран и саркастичен начин. Како автор од европски ранг, Попов е преведен на повеќе од 15 јазици. Член е на најважните писателски институции во Бугарија и награден е со многу домашни и меѓународни награди.

Препорачај ја книгата