Џорџ Орвел - За национализмот

Џорџ Орвел - За национализмот

А

ко конечниот тест на секое уметничко дело е неговиот опстанок, тогаш делата на Орвел несомнено го положија овој тест со најдобра оценка. Релевантноста на овие текстови се потврдува во сите цивилизациски периоди. Оваа збирка политички есеи силно го прикажува внатрешниот конфликт на Орвеловиот светоглед, Орвел уметникот и Орвел активистот, кои напати се во хармонија, а напати во расчекор. Орвел уметникот е заробен во магијата на зборовите, во ритамот на нивните низи, во деталите и нијансите, а Орвел активистот е разгневен од неправдата, буден учесник во создавањето и менувањето на општеството, негов строг критичар и набљудувач. Во некои помирни времиња можеби со сета енергија ќе и се препуштел на уметничката естетика и стилистиката, но непосредното искуство со империјализмот, фашизмот и сиромаштијата ги активирале неговата политичка свест и одговорност. Овие есеи ја поткопуваат наивната разлика помеѓу политиката и секојдневниот живот, покажувајќи колку несвесно примаме пораки од вредносен и идеолошки тип, и колку сме подложни на пропаганда и манипулација.

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 163

Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Џорџ Орвел (1903–1950)

Џорџ Орвел (1903 г., Мотихари, Индија – 1950 г., Лондон, Велика Британија) – англиски романописец, есеист, новинар и критичар. Роден како Ерик Артур Блер, никогаш сосем не го напуштил своето име, но сите книжевни дела ги објавил под псевдонимот Џорџ Орвел. По враќањето во Англија, во 1911 г., го продолжил образованието во интернат во Сасекс, каде што станал познат по својата интелектуална генијалност. Подоцна студира на универзитетите Велингтон и Итон. Токму на Итон го објавува својот прв текст по што започнува неговата богата кариера како автор. Во 1938 г. го објавува романот „Во чест на Каталонија“, а во 1945 г. го објавува романот „Животинска фарма“, проследен во 1949 г. од култниот „1984“. Во богатото творештво се вбројуваат и бројни политички, како и книжевни есеи, релевантни и по речиси еден век. Неговите политички ставови на линија на отпор кон тоталитаризмот и отворена поддршка на демократскиот социјализам, како и неговата визија за модерно општество предизвикувале бурни полемики во конзервативното британско општество.

Препорачај ја книгата