Јоханес Анјуру - Ќе се удават во солзите на своите мајки

Јоханес Анјуру - Ќе се удават во солзите на своите мајки

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 276 формат: 195×125 цена: 350

„Ќе се удават во солзите на своите мајки“ е книга за надежта и за безнадежноста. Дејството е сместено во сегашноста и почнува со хаотичен, страшен терористички напад за време на промоцијата на делото на контроверзен цртач на стрипови во книжарница во Гетеборг. Девојката, која е еден од напаѓачите, чувствува дека умот сака да ѝ каже нешто – дека не треба да е таму каде што се наоѓа, дека не треба да го прави тоа што го прави – и во последен момент прави очаен избор, става крај на сè. Потоа приказната се поместува за две години од тој настан и централен лик е писател, кој, по иницијатива на девојката, ја посетува во психијатриската институција во која таа се наоѓа. Му дава страници испишани со нејзиното видување за тоа што ѝ се случувало и вели дека е од паралелна иднина. Писателот почнува да го истражува настанот и тука, фокусот на романот се префрлува на прикажувањето на можната иднина што го чека западноевропскиот свет, доколку не се справи правилно со исламофобичните тенденции во неговите рамки.

„Ќе се удават во солзите на своите мајки“… е текст којшто е длабоко поврзан со времето во кое е создаван, со духот на нашето време. Се работи за многу актуелен роман кој претставува неколку страшни тенденции карактеристични за денешницата: пред сè тенденцијата стравот и омразата да доаѓаат во пакет во нашето време и да раѓаат и потхрануваат тероризам и фашизам. Матијас Хагберг, Göteborgs-Posten

Ќе се удават во солзите на своите мајки.pdf

Нарачај