Чарлс Буковски - Белешки на еден стар гад

Чарлс Буковски - Белешки на еден стар гад

В

и ги читав колумните и мислам дека можам да ви помогнам. Бев психијатар. Му реков да си оди“.

„Белешки на еден стар гад“ е збирка „колумни“, како што ги нарекува авторот, кои Чарлс Буковски ги пишувал за својата колумна во андерграунд списанието Опен сити од Лос Анџелес, во периодот од 1967 до 1969 година, во кои на свој добро познат начин, овојпат заземајќи гард на мудра будала, коментира разни актуелни општествени и книжевни теми и раскажува голем број  фиктивни и автобиографски приказни, но овојпат занемарувајќи ги и правописните правила, со тоа давајќи им анархичен тон на текстовите. Навлегувајќи од една во друга приказна, Буковски го води читателот низ безброј незамисливи ситуации, моќни сцени, груб јазик, низ палета од ликови од најдолните слоеви на општеството, со што се добива впечаток дека станува збор, пред сѐ, за збирка кратки раскази. „Белешки на еден стар гад“ имале силен одек во американското општество, до таа мера што ФБИ отворило досие за Буковски како резултат на неговата колумна.

 

Автор: Чарлс Буковски (1920 – 1994)

Превод од англиски јазик: Томе Сиљаноски

Број на страници: 314

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата