страници: 179 формат:180×110 цена:300

Збирката Фикции, објавена во 1944 година, е најважната и најпознатата збирка раскази од Борхес која му донела на писателот меѓународна слава. Плетејќи ги своите фабули, Борхес начнува разни литературни видови и форми, слободно поврзувајќи рецензии од непостоечки книги, фиктивни биографии, псевдоесеи, параболи, фантастични и криминалистички раскази. Секоја творба претставува монументално дело, кое авторот на свој карактеристичен начин и стилска концизност го затвора во неколку страници. Светот што се образува од Фикции е бесконечен хаос, неистражлив лавиринт, сонета библиотека, која размножува огледални одрази – човечките судбини и времиња – а оваа визија за светот е ништо друго туку само Борхесова игра, иронично резиме на залудниот труд на безбројните поколенија мислители.

Фикции.pdf