Хорхе Луис Борхес - Книга од соништа

Хорхе Луис Борхес - Книга од соништа

С

оништата… Тие, веројатно, се најголемата мистерија за луѓето. Секој ден, милијарди луѓе спијат, веројатно за да сонуваат. И какви соништа доаѓаат? Дали се тие соништа што ја кажуваат иднината? Соништа што го преобликуваат нашето минато? Соништа што прават магија од реалноста? Во својата книга „Книга од соништа“, Хорхе Луис Борхес прави антологија од најпознатите епизоди на соништата. Опфатени се соништа од библиските текстови, грчко-римските митови, кинеската филозофија, па сѐ до делата од изминатите неколку децении. Во оваа колажна антологија е застапен широк и разновиден спектар од класичните дела во контекст на соништата и нивното влијание врз човековите постапки и мисли. „Книга од соништа“ не е теориско, толковно, ниту научно дело. Едноставно, тоа е збирка епизоди од соништа, за кои Борхес сметал дека се интересни. Анализата и толкувањето на овие познати соништа се препуштени на читателот и на неговата имагинација.

Превод од шпански јазик: Сања Михајловиќ-Костадиновска

Број на страници: 287

Едиција: Аквамарин | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Хорхе Луис Борхес

Хорхе Луис Борхес (1899 –1986) – аргентински писател, поет и есеист, еден од најкарактеристичните писатели во светската литература од XX век. Објавувал есеи, раскази и поезија. Неговите дела, толку многу важни за литературата и за хуманистичката мисла, станале објект на проникливи анализи и многубројни интерпретации. Борхес се смета за еден од главните претставници на магичниот реализам и на филозофската мисла во латиноамериканската литература.

Речиси 30 години бил номиниран за Нобеловата награда во областа на литературата, но никогаш не ја добил.

За негови најпознати дела се сметаат: Алеф, Фикции, Книга од песок, Извештајот на Броди, Универзална историја на нечесноста и др.

Препорачај ја книгата