Хорхе Луис Борхес - Книга за измислените суштества

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски страници: 230 формат:180×110 цена: 300

Измислените суштества што се појавуваа на страниците на оваа книга, која ги сплотува ерудицијата и привлечноста, некогаш поттикнувале восхит или страв, ги инспирирале човечките верувања и суеверијата. Особени примери од фантастичната фауна, расеани по разни религии и митологии, а исто така и по литературните дела, се закануваат со пеколни страдања, некогаш со волшебнички благослов, а понекогаш влегуваа во сферата на метафизиката. Како што пишува самиот Борхес: „Насловот на оваа книга ќе ги оправда вметнувањата на принцот Хамлет, на точката, на линијата, на површината, на хиперкубот, на сите општи зборови и, можеби, на секој еден од нас и на Господ. Начелно, на речиси целиот свет. Како и да е, прибегнавме кон она што веднаш го навестува изразот измислени суштества. Составивме прирачник за чудните суштества што ги има создадено, во текот на времето и во просторот, фантазијата на луѓето.“

Книга за измислените суштества.pdf

Нарачај