Фернандо Песоа – Банкарот анархист

Арс магна

страници: 73 формат:180×110 цена:140 ден

Банкарот анархист бил најдолгиот и најзначајниот расказ што требало да се најде во збирката Антитези. Бил објавен во 1922 година, во првиот број на книжевното списание Контемпоранеа.  

Уште самиот наслов ја најавува антиномијата зад која стои утописката идеја-решение за целосно ослободување на личноста од безизлезноста на општествените неправди. Целото дејствие на расказот може да се смести во само неколку пасуси: двајца добри, стари пријатели разговараат откако веќе вечерале во еден луксузен ресторан. Останатиот дел од текстот наликува на сократовски дијалог, или како што вели и самиот Песоа, дијалектичка сатира на анархистот што станува банкар без да престане да биде анархист. Банкарот анархист е оној што го разоткрива апсурдот на општественото лицемерие кое се огледува во наследената корумпирана природа на личноста и тиранизира дури и кога цели кон слобода.

Банкарот анархист.pdf

Нарачај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *