о „Стрип – деветтата уметност“, како што загатнува насловот, Османли хируршки прецизно ја обработува стриповската полисемичност, внимателно анализирајќи го неговиот јазик и законитостите што го прават стрипот засебна уметност, и темелно истражува низ неговото минато доловувајќи дел од најбитните дела од деветтата уметност. Наспроти општото непрецизно мнение за стрипот како ништо повеќе од жанровска определба, засилено од холивудскиот тренд за филмување американски стриповски суперхерои, Османли одговара со пробивање на жанровските и тематски стеги и оди отаде стилските лимитации. И, водејќи се од мислата на стрип класикот Берн Хогарт за тоа дека „стрипот не треба да се бори да стане уметност, зашто тој веќе е тоа, но треба да се бори за неговото рамноправно место меѓу другите уметности“, Османли ѝ пристапува на оваа уметност како на (вистинска) уметност – академски, со сериозна посветеност и задлабочено. Александар Стеванов
Број на страници: 348
Едиција: Плочка| Формат: 205×205

Томислав Османли (1956)
Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 27 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на три романи преведени и во странство. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број ексјугословенски списанија. Бил член на редакциите на списанијата „Идеје“ (Белград), „Разгледи“, „Културен живот“, „Театарски гласник“ и „Macedonian PEN review“ (Скопје).

Препорачај ја книгата