Теофило Брага - Фантастични раскази

Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска страници: 197 формат:180×110 цена: 250

Фантастични раскази е едно од првите португалски книжевни дела што ја следи фантастично-готската литература. Расказите, инаку првично објавени во Бразил, интертекстуално се инспирирани од поетиката на Едгард Алан По и од езотеричната филозофија на Сведенборг. Освен тоа, ова дело се вбројува во книжевниот стил и движење што се јавуваат во европската книжевност и како книжевна матрица ги имаат расказите на Хофман. Расказите на Брага ги прикажуваат психолошките колебања, осцилирања и распаќа на личноста, но, исто така, навлегуваат во посложените толкувања на чувствата, дури и на некои состојби на ментална деменција и опсесивни состојби на умот. Збирката раскази навлегува во френетични и екстремни страсти: самоубиства, умирања, предавства, убиства од патолошки љубомори, опсесии, средновековни мистерии, мрак, тмурни, хтонски сцени, бури и внатрешни превирања се само неколку од загадочните теми со кои се занимава овој автор. Полни со ерудитни и поетски референции, често лирични, со раскошен и симболичен поетско-прозен јазик, овие раскази се изблик на филозофските размисли на овој многустран португалски автор и најавуваат особено иновативни аспекти со воведувањето на чудното, мистериозното, мрачното, морбидното.

Фантастични раскази.pdf

Нарачај