Превод од полски јазик: Филип Димевски

страници: том I 339; том II 425 формат:180×110 цена: комлет 500 ден.

Ненаситност е вториот од двата главни романи на Виткевич, кој почнал да го пишува веднаш по Збогување со Есента, а го завршил во 1927 г., иако бил објавен дури три години подоцна. Романот е обемна дистописка визија со колосални диспропорции, кој голем број критичари го сметаат за magnum opus на Виткевич. Визијата за совршено дисциплинираната држава на кинеските комунисти, која ја освојува замислената контрареволуционерна Русија и се подготвува за напад на површно комунизираните држави на Западна Европа, романот Ненаситност го прави еден од најуникатните романи во меѓувоената литература, а на неговиот автор чудниот стил на „црна комедија“ му обезбедува место помеѓу класиците на современата гротеска.

Романот го следи животот на младиот Генезип Капен, притоа брутално фрлајќи го во најмрачните подземја на метафизиката. Авторот се обидува да вникне во најдлабоките психички нивоа на младиот „јунак“,применувајќи вистинска „аутопсија“ на човечката душа.

Ненаситност.pdf

Нарачај