Саем на книгата 2024

Саем на книгата 2024

Наскоро започнува Саемот на книгата 2024!

Оваа година, Бегемот одбележува јубилеј 15 години постоење! Најавуваме неколку нови изданија, голем избор од домашна и странска литература, како и големи попусти на десетици изданија. Каталогот за саемските попусти, можете да го разгледате на следниот линк.

За време на саемските денови, посетителите ќе имаат можност да погледнат голема колекција нови и постари наслови, книги од домашни и странски автори, како и уникатни печатени изданија кои ќе можат да се најдат ексклузивно на Саемот за книга 2024. Организаторите најавуваат средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите.

Вратите на Саемот на книга 2024 ќе се отворат во четврток на 18-ти април и ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот, до среда 24-ти април.

Се читаме!