Ришард Капушќињски – Империјата

Ришард Капушќињски – Империјата

К

ултното дело од Ришард Капушќињски – легендата на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Репортажа за мрачната страна на Русија и поранешниот СССР. Книгата којашто едноставно никого не остава рамнодушен!

„По улиците на Магадан се оди по високи ходници ископани во снегот. Тесно е, при разминување треба да се подзастане и да се пропушти другиот човек. Понекогаш ми се случува така да застанам очи в очи со некој постар човек. Секогаш, секогаш во главата ми се наметнува прашањето: А вие што сте биле? Џелат или жртва? […]

И зошто тоа ме интригира и трогнува? Зошто не умеам да го погледнам тој човек обично, без таа неподнослива и наметлива љубопитност? Сепак, кога би собрал храброст да му го поставам тоа прашање, а тој би изреагирал искрено, би можел да добијам ваков одговор: Па, видете, пред себе имате и џелат, и жртва.

И во тоа беше одликата на сталинизмот – дека во многу случаи нема начин да се одвојат тие две улоги. Нај¬првин некој тепал како иследник, потоа лежел во затвор и бил тепан, по извршувањето на казната излегувал и се одмаздувал, итн. Тоа бил свет на затворен круг, од кој имало само еден излез – смртта. Тоа била кошмарна игра, во која сите загубиле.“

 

Превод од полски јазик: Лидија Танушевска

Број на страници: 349

Едиција: На пат | Формат: 200×130

Извадок од книгата

Нарачај дома

 

Ришард Капушќињски
(1932–2007)

Ришард Капушќињски – легенда на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Поседува неверојатна способност за опсервација и забележување на тоа што за другите е невидливо. Има репортерски инстинкт, кој го води секаде каде што се случува нешто. Умее совршено да го анализира опкружувањето, брзо станува дел од набљудуваната средина, а благодарение на својата неутралност, може објективно да го оцени тоа што го гледа. Ришард Капушќињски, професија – репортер.

Препорачај ја книгата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *