Никола Дикнер – Шест степени слобода

Аквамарин Новости

Превод од француски јазик: Катерина Василевска

страници: 284 формат:195×125 цена:300

Шест степени слобода“ е роман за современото бегство од монотоното секојдневие. Обидот на Лиза, млада девојка со многу мечти и малку пари, да се ослободи од границите и притисоците на нуклеарните (семејни) и комплексните (државни) социјални структури, е ситуиран во необичен контекст: габаритниот и сложен свет на меѓународниот товарен поморски транспорт. Во подвигот ѝ помагаат хакерот Ерик, другар од детството, и Џеј, службеничка во Кралската канадска жандармерија, заробена во системот од кој Лиза се обидува да избега.

Во романот се сопоставени агорафобичноста и клаустрофобичноста на различните карактери, индустриската автоматизираност и провинцијалниот пејзаж, дигиталните тврдини и индивидуалната проникливост, обврските кон надворешниот свет и интимните копнежи, животот под лупа на безбедносните служби и фантомското измолкнување.

Шест степени слобода.pdf

Нарачај