Миљенко Јерговиќ - Тројца за Картал

Миљенко Јерговиќ - Тројца за Картал

Д

ваесет и осум години од првото објавување на Сараевско марлборо и триесет од почетокот на опсадата на Сараево, Миљенко Јерговиќ се навраќа на тие времиња. Како што најавува поднасловот на книгата, според темата, местото на приказните и структурата, таа е копија на Сараевско марлборо, иако не е повторен ниту еден расказ. Така читаме за други луѓе што делат заедничка судбина под постојан оган, но се разликуваат по националниот идентитет, културата, менталитетот, религијата… но ниту во еден миг не постои омраза по ниедна основа. Разбирањето и емпатијата со кои Јерговиќ ги карактеризира своите ликови покажуваат и што значи да се разбере и да се почувствува Сараево.

Овојпат, книгата започнува со филм запаметен од раната адолесценција, а завршува со приказната за две вазни, сведоци на историјата на семејството, кои преживеале војни и бројни преселби, а се скршиле дури по желба на природата во земјотресот во Загреб во 2020 година.

„Помеѓу мене и тоа време стои еден возрасен и веќе зрел човек, кој има години токму толку колку што имав јас среде таа војна. Тој човек сум јас, како што и оној човек бев јас. […] Тројца за Картал е книга на тој другиот човек, чии раскази зборуваат за истото за кое зборуваа расказите од Сараевско марлборо“.

Миљенко Јерговиќ

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески

Број на страници: 270

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Миљенко Јерговиќ

Миљенко Јерговиќ (род. 1966 во Сараево) е еден од најистакнатите босанскохерцеговски и хрватски писатели. Неговата проза и поезија се преведувани на голем број јазици. Јерговиќ е роден и израснал во Сараево, каде што завршил филозофија и социологија на Филозофскиот факултет при Сараевскиот Универзитет. Дебитирал во 1988 г. со збирката поезија Опсерваторија Варшава. Автор е на многу прозни, поетски и драмски дела, како и на бројни есеи. Неговата прва, најпозната и најуспешна збирка раскази за хаотичниот секојдневен живот во завојуваната Босна и Херцеговина – Сараевско марлборо (1994), му обезбедува меѓународно признание. Делото е наградено со наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“ и наградата „Ксавер Шандро Ѓалски“. Добитник е и на бројни други домашни и меѓународни награди.

Препорачај ја книгата