Мајсторот на гротеската - во издание на Бегемот!

 

Ѓаволијада и Кобни јајца се две новели кои имаат една иста карактеристика – и двете се критика и сатира упатени кон Советскиот Сојуз.

Во Ѓаволијада е претставен проблемот на „малиот“ човек како жртва на советската бирократска машинерија, која во болната фантазија на главниот лик, Коротков, склучува пакт со пеколните сили (иако тој никогаш не го кажува тоа директно). Отпуштениот службеник не може да ја совлада таа моќ и, откако ја губи борбата против неа, во очај скока од покривот на облакодерот, спасувајќи се од тоа пеколно лудило.

Дејството на новелата Кобни јајца е сместено во иднината, во 1928 година, кога Советскиот Сојуз го напаѓа наезда од чудовиштни суштества. Пронајдокот на професорот Персиков, човек кој над сѐ го цени здравиот разум, докажува дека логиката не е нешто што би можело да најде разбирање кај властите на Советскиот Сојуз. Како ефект на тоа, тргнуваат толпи од стравотни чудовишта, коишто ништат сѐ пред себе…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *