е наоѓаме среде една криза од огромни размери и од глобално значење. Не, не мислам на глобалната економска криза што започна во 2008. Тогаш барем сите знаеја дека кризата е блиску и многу светски лидери работеа брзо и напорно за да пронајдат решенија. Навистина, владите што потфрлија во ова трпеа сериозни последици, а многу беа и сменети. Не, мислам на кризата што минува главно незабележана, како рак; криза што, на долги патеки, може да биде многу поштетна за иднината на демократската автономија: светската криза на образованието. Се случуваат радикални промени во она на што демократските општества ги подучуваат своите млади, и овие промени не се добро промислени. Жедни за национален профит, нациите и нивните образовни системи невнимателно ги отфрлаат вештините што се неопходни за да се одржат демократиите во живот. Ако овој тренд продолжи, нациите ширум светот наскоро ќе произведуваат генерации корисни машини, а не целосни граѓани што мислат со својата глава, ја критикуваат традицијата и го разбираат значењето на туѓите страдања и достигнувања. Иднината на демократијата е неизвесна.“ Марта Нусбаум
Превод од англиски јазик: Иван Шопов
Број на страници: 243
Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Марта Нусбаум (1947)
Марта Нусбаум е американска филозофка, која особено се занимава со античката грчка и римска филозофија, но и со политичката филозофија, етиката и феминизмот. Студирала театрологија и класична филологија на Универзитетот во Њујорк, а потоа се запишува на студии по филозофија на Универзитетот Харвард, каде што магистрира во 1972 год., а докторира во 1975 год. Предавала филозофија и класична филологија на универзитетите Харвард и Браун, а во моментов е професорка по право и етика на Универзитетот во Чикаго. Авторка е на повеќе значајни студии, меѓу кои: „Ранливоста на добрината“ (1986), „Негување на човечноста“ (1997), „Полот и социјалната правда“ (1998), „Криење од човечноста“ (2004), „Не за профит“ (2010).
