Маргарет Атвуд - Животот пред човекот

Маргарет Атвуд - Животот пред човекот

Е

лизабет, со својата контролирана сензуалност, борејќи се со потиснатиот бес, е мажена за погрешен човек; Нејт, нејзиниот сопруг, деликатен, неодлучен, разочаран; Лесја, млада жена што работи во природонаучен музеј, за која диносаурусите се исто толку важни како и мажите… Љубовен триаголник, од кој секој агол се разгранува во повеќе агли; тројца луѓе, секој на средна возраст, во средовечна криза, принудени да прават избор, во ропство на чувствата, кои учествуваат во трагикомедијата што ја нарекуваме љубов… секој во потрага по својот идентитет, човечки, љубовен, прељубнички, страстен, животен… Над сите нив виси духот на мртвиот љубовник на Елизабет… и вртоглавата закана за трите животи што би можеле да имаат иста разврска… Маргарет Атвуд уште еднаш докажува дека е врвен набљудувач на светот околу нас, раскажувајќи моќна, современа сага, полна со згуснати значења, метафори, психолошки профилирања, родителски и љубовни чувства, сместена во брз, модерен живот во една од канадските метрополи.

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 375

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

 

Нарачај дома

 

Маргарет Атвуд

Маргарет Атвуд (род. 1939) – канадска поетеса, прозаистка, литературна критичарка, есеистка и активистка за заштита на животната средина, водечка личност на феминистичкото движење. Родена е во 1939 г. во Отава, а пораснала во Онтарио, Квебек и Торонто. Автор е на повеќе збирки поезија, книги за деца, романи, збирки раскази и научно-стручна литература, но најпозната е по романите: Приказната на робинката (1985), Невестата крадливка (1994), Алиас Грејс (1996) и Слепиот убиец (2000), за кој ја добила престижната Букер во 2000 г. За романот Алиас Грејс ја добила наградата Гилер, а за истиот роман влезе во потесната конкуренција за Букер. Атвуд има добиено бројни награди, вклучувајќи ги наградата Букер (2000 и 2019), наградата Артур Ч. Кларк за имагинацијата во служба на општеството, наградата Франц Кафка, Германската мировна книжевна награда, Governor General’s Award (1966 и 1985), како и наградата за животно дело на ПЕН САД. Во 2019 г., стана член на Редот на кавалерите на честа за своите достигнувања во литературата. Има работено и како илустраторка, либретистка, драмска писателка и кукларка. Живее во Торонто, Канада.

Препорачај ја книгата